Gülşen Çağatay
06 Декември 2015•Ажурирај: 07 Декември 2015
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџер Таип Ергоган, рече дека јазот помеѓу Турција и Русија поради соборувањето на рускиот авион кој го наруши турскиот воздушен простор нема да ѝ наштети на изградбата на нуклеарната централа Акују, јавува Anadolu Agency (АА).
„Не постојат индикации дека мега проектите за енергетската инфраструктура од големи размери ќе бидат сопрени или паузирани“, рече Ердоган.
Руската државна корпорација за атомска енергија, Росатом, ќе ја гради првата нуклеарна централа во Турција за цена од 20 милијарди долари, во јужната покраина Мерсин, на брегот на Средоземното Море.
Ердоган додаде дека проектот на гасоводот Турски Тек, кој е планирано да го пренесува рускиот природен гас кон Европа преку Турција, не е запрен од руската страна, туку проектот е паузиран од страна на турските одговорни власти поради неисполнување на договорените услови од страна на Русија.
На 3-ти декември, Алексеј Милер, генералниот извршен директор на руската енергетска компанија Газпром, изјави дека Турција не предаде предлог на Русија во врска со проектот, поради тоа се чека меѓувладин договор помеѓу Анкара и Москва, што резултирало со суспензија на преговорите.
Eрдоган нагласи дека Турција можеби има потреба од природен гас и нафта но Москва не е единствената опција. „Покрај Русија, Турција има склучено договори за снабдување со природен гас со Иран, Азејрбеџан, Нигерија, Катар и Алжир“, рече тој. додавајќи дека паралелно со договорите за природен гас, Турција има склучено договори за снабдување со нафта со Иран и Саудиска Арабија.
Тој додаде дека и покрај зависноста на земјата од природен гас за добивање енергија, земјата е во можност да развива алтенативни природни извори со цел добивање електрична енергија како што се ветрот, соларната, термалната и хидроенергијата.
Турската годишна потрошувачка на природен гас е околу 50 милијарди метри кубни, 55 отсто од нив се увезуваат од Русија, а 18,1 отсто од Иран.