Zafer Fatih Beyaz
13 Јануари 2020•Ажурирај: 13 Јануари 2020
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, се состана со премиерот на Италија, Џузепе Конте, јавува Агенција Анадолија (АА).
Конте на повик на Ердоган престојува во прва работна посета на Анкара, а беше дочекан од потпретседателот на Турција, Фуат Октај.
По состанокот што во Претседателската палата траеше еден и пол час, Ердоган и Конте ќе одржат прес-конференција.