Турција

Ердоган: Со поддршка на западните сили Израел се обидува да разгори регионален конфликт

„Клучно е да не паднеме во стапицата поставена од Израел и неговите поддржувачи“, порача турскиот претседател

Muhammed Yasin Güngör  | 26.10.2024 - Обновена : 27.10.2024
Ердоган: Со поддршка на западните сили Израел се обидува да разгори регионален конфликт

ХАТАЈ (АА) - Ционистичката израелска влада, помогната од западните сили, се обидува да разгори регионален конфликт, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, во врска со синоќешниот израелски напад врз Иран, јавува Анадолу.

Ердоган имаше свое обраќање на церемонијата во Хатај, јужна Туркије, за доделување нови домови на населението погодено од разорните земјотреси кои се случија во февруари минатата година.

„Клучно е да не паднеме во стапицата поставена од Израел и неговите поддржувачи“, порача Ердоган, додавајќи дека пристапот на Израел на крајот ќе пропадне: „Со овој начин на размислување, Израел нема да постигне ништо“.

Ердоган, исто така, упати порака на солидарност до иранската влада и народ. „Упатувам порака на солидарност до нашиот сосед Иран и иранската влада, кои синоќа беа цел на израелска агресија“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.