Zehra Aydın
23 Декември 2017•Ажурирај: 23 Декември 2017
АНКАРА (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган во петокот вечерта телефонски одделно разговараше со германскиот претседател Франк Валтер Штеинмаер и со претседателот на Палестина Махмуд Абас за прашањето на Кудс, јавува Anadolu Agency (AA).
Од кабинетот на претседателот на Турција соопштија дека во текот на разговорите е искажано задоволство од усвојувањето на нацрт резолуцијата на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН).
Нагласено е и дека со овој нацрт јасно е укажано на бесправноста на одлуката на САД за Ерусалим (Кудс).
Истакнато е дека резултатот од гласањето за резолуцијата на Генералното собрание на ОН е важен во поглед на постигнување на мирот и стабилноста во регионот.
Ердоган му се заблагодари на претседателот на Германија поради поддршката за нацрт резолуцијата за Кудс.
Двајцата претседатели ја нагласија важноста од преземање напори во наредниот период со цел интензивирање на односите помеѓу Турција и Германија.
Ердоган и Абас во текот на разговорите истакнаа дека ставот на САД за Кудс е погрешен, изразувајќи задоволство што го потврди тоа и целиот свет.
Се согласија и понатаму да делуваат координирано за да државата Палестина на глобален план има посилна поддршка.
Абас изрази благодарност до Ердоган како и на народот на Турција поради поддршката која ја пружаат на Палестинците.
Потсетуваме, нацртот на резолуцијата, кој ја критикува и отфрла одлуката на Трамп за Ерусалим (Кудс) е прифатен во четврток на заседавањето на Генералното собрание на ОН со 128 гласа за, додека против беа 9 земји.