Турција

Ердоган: Туркије се стреми да стане постојана членка на Советот за безбедност на ОН

Ердоган истакна дека сегашните постојани членки не покажале намера да ја поддржат кандидатурата на Туркије

Gizem Nisa Çebi  | 27.09.2024 - Обновена : 28.09.2024
Ердоган: Туркије се стреми да стане постојана членка на Советот за безбедност на ОН

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја изрази желбата на Туркије за постојано место во Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН), јавува Анадолу.

„Како Туркије, се стремиме да станеме постојана членка, но досега не постигнавме никакви резултати“, изјави тој за медиумите по петочната молитва во Истанбул.

Ердоган истакна дека сегашните постојани членки не покажале намера да ја поддржат кандидатурата на Туркије.

Советот за безбедност во моментов се состои од 15 земји членки: пет постојани (Кина, Франција, Русија, Велика Британија и САД) и 10 непостојани избрани со двегодишен мандат од Генералното собрание.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.