Asiye Latife Yılmaz
11 Август 2025•Ажурирај: 12 Август 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Ги мобилизиравме сите ресурси и дипломатски капацитети на нашата земја за да донесеме надеж во Газа, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган по состанокот на Кабинетот во Анкара, јавува Анадолу.
„Нема да дозволиме (израелскиот премиер Бенјамин) Нетанјаху и неговата мрежа убијци да го вовлечат нашиот регион во уште поголеми катастрофи за да го продолжат нивниот политички живот“, рече Ердоган.
Израел уби речиси 61.500 Палестинци во Газа од октомври 2023 година. Воената кампања ја опустоши енклавата и предизвика продлабочување на хуманитарната криза, смртни случаи од глад, болести и присилна миграција.
Минатиот ноември, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за своите воени дејства во енклавата.