Fikriye Susam Uyar
15 Април 2016•Ажурирај: 15 Април 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Турција ќе донира два милиони долари за Организацијата на исламска соработка (ОИС), изјави денес претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, во текот на последниот ден на Самитот на шефови на државите на ОИС, јавува Anadolu Agency (AA).
На состанокот на Самитот на шефови на државите на ОИС во Истанбул на кои Ердоган зборуваше, присуствуваа високи службеници од 30 земји, а самитот се завршува денес.
"Турција ќе донира два милиони долари за ОИС. Од тие, 1,8 милиони ќе бидат донирани на генералниот секретар, 100 илјади долари на комисијата за човечки права и 100 илјади за фондот на солидарност", изјави Ердоган.
Истакна дека за надминување на потешкотиите во кои се наоѓа исламскиот свет е потребно единство, заедништво и солидарност.
"Сметаме дека со нашето братство кое го покажавме за време на Самитот, пративме важни пораки на сите муслимани и луѓе. Одлуките кои ги донесовме овде се надеж за милијарди луѓе. Воопшто не треба да заборавиме дека ако на овој свет и на едно лице доколку неправедно му се нанесува болка и се извршува насилство, тоа е голем број", изјави Ердоган.
Исто така нагласи дека исламскиот свет пружил пооддршка и на браќата Палестинци кои чесно се борат.
"Турција никогаш не ги напушти и нема да ги напушти своите палестински браќа", порача Ердоган.