Enes Duran
30 Август 2016•Ажурирај: 30 Август 2016
АНКАРА (АА) - Започна 7. циклус на обука за воено дописништво кој го организира Anadolu Agency (АА) во соработка со Полициската академија.
Директорот за публикации на светски јазици на Anadolu Agency, Мехмет Озтурк, во кампусот на Полициската академија во Анитепе, во својот говор на церемонијата на свеченото отворање истакна дека Anadolu Agency од 2011 година започна да прави значајни чекори, како во рамките на Турција, така и во светски рамки.
Озтурк рече дека Програмата за обука на воено новинарство е еден од тие чекори. Озтурк истакна дека новинарите прават света работа, и во тие рамки, најтешко е военото дописништво.
Тој потенцирајќи дека светот има сè поголема потреба од воено дописништво, додаде: „Изминатите месеци Ал Џезира потпиша договор со Anadolu Agency за приклучување кон оваа програма за обука. Тоа го покажува нашиот успех и квалитет, кој е во нагорна линија.“
- „Военото дописништво не е известување кое се изведува само во воени услови“ -
Заменик претседателот на Полициската академија, Фатих Инал, истакна дека значењето на военото дописништво би било погрешно доколку не се спомене доживеаната болка на просторите од Средниот Исток и Турција.
Тој рече дека илјадници луѓе од Сирија и Ирак поради војната ги загубиле своите животи. Наведувајќи дека посакува во светот повеќе да не се случуваат војни, Инал рече: „Иако е именувано како воено дописништво, јас тоа сакам да го наречам дописништво под тешки услови, бидејќи военото дописништво не е известување само во воени услови. Во светот се случуваат голем број катастрофи, земјотреси, пожари, подрачја во кои се случиле големи поплави, и се јавува потреба за информирање од овие подрачја“.
Заменикот претседател на Полициската академија Инал истакна дека денеска е ера на комуникации и значајно е информацијата да биде пренесена точно, правилно и навремено.
Помошникот координатор на Академијата за вести на АА, Хајри Четинкуш, за соработката на Anadolu Agency со Полициската академија во 7. циклус за обука на воено дописништво рече дека ја носи востановената традиција на соработка која се придвижува кон достојниот квалитет.
Овие простори, кои се лулка на цивилизациите, денеска се центар на војни и присилни миграции, истакна Четинкуш, и во овие услови, оние кои ја практикуваат професијата новинарство, истакна дека потребно е да добијат посебна обукасо цела да ги намалат ризиците по нивниот живот.
- Обуката ќе биде изведена на 26 различни локации -
Со цел да се обучат оперативни дописници кои ќе ја извршуваат својата задача во воени услови, катастрофи и вонредни состојби, во Анкара започна обуката на 24 учесници, со траење до 9-ти септември.
Обуката ќе ја извршуваат искусни новинари од АА, претставници од Полициската академија, турските вооружени сили, Управата за катастрофи и итни случаеви (АФАД) и експерти од потсекретаријатот за јавен ред и безбедност.
Обуката ќе ги опфаќа областите од известувањето до личната безбедност, од военото право до првата помош, од напредните техники на возење па сè до преживување во вода, од биолошки и хемиски напади до вонредни состојби кои ќе бидат изведувани на 26 различни локации.
На крајот од обуката, на учесниците ќе им биде доделен меѓународно признат сертификат.