Husamedin Gina
21 Февруари 2020•Ажурирај: 22 Февруари 2020
АНКАРА (АА) - Турската фондација „Дијанет“ соопшти дека започна аплицирањето за меѓународните ученици за учебната 2020-2021 година на меѓународните гимназии „Анадолу имам хатип“ (Anadolu İmam hatip) и теолошките факултети во Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во рамките на меѓународната програма за теолошки студии спроведена во соработка на Министерството за национално образование на Турција, Претседателството за верски прашања, теолошките факултети и Турската фондација „Дијанет“, започна аплицирањето за меѓународните ученици за учебната 2020-2021 година на меѓународните гимназии „Анадолу имам хатип“ и теолошките факултети во Турција.
Аплицирањето ќе може да се направи електронски, од 1 февруари до 15 март на интернет-страницата https://diyanetburslari.tdv.org.
Повеќе детали за аплицирањето и за условите за образование исто така ќе може да се добијат на страницата https://diyanetburslari.tdv.org