Истанбулската полиција приведе осуммина за кој се сомнева дека се припадници на Даеш
- Сите осомничени Мароканци се подготвувале да заминат во Германија
Diyar Güldoğan
18 Ноември 2015•Ажурирано: 18 Ноември 2015
Истанбул
ИСТАНБУЛ (АА) – Турската полиција уапси осуммина осомничени за поврзаност со Даеш, кои пристигнаа на аеродромот Ататурк во Истанбул од Казабланка, соопшти денес полицијатa, јавува Anadolu Agency.
Истанбулската Дирекцијата за безбедност и контратероризам и Одделот за разузнавање уапси осум Мароканци кои се подготвуваа да заминат во Германија илегално, соопшти полицијата.
Осомничените, како што се вели, се поврзани со Даеш.
Мароканците и кажале на полицијата дека дошле во Истанбул како туристи и дека имале резервирано хотел. Но полицијата соопшти дека по верификацијата со хотелот тоа излегло невистинито.
Полицијата заплени документ на еден од патниците, кој покажува рута која започнува во Истанбул, а завршува во Германија преку западниот турски град Измир, Грција, Србија и Унгарија.
Истанбулската полиција приведе осуммина за кој се сомнева дека се припадници на Даеш