Enes Kaplan
31 Декември 2017•Ажурирај: 01 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - На покана на францускиот претседател, Емануел Maкрон, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на 5 јануари ќе отпатува во официјална посета на Париз, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на канцеларијата на турскиот претседател, Ибрахим Калин, соопшти дека главни теми на средбата помеѓу Ердоган и Maкрон ќе бидат настаните во Ерусалим (Кудс), Сирија, Ирак и борбата против тероризмот, како и односите меѓу Турција и Европската Унија.
„Посетата на претседателот Ердоган на Париз ќе придонесе за зајакнување на билатералните односи, за доброто на народите на Турција и Франција“, истакна Калин во соопштението.
Истакнувајќи ја вековната традиција на билатералните односи меѓу Турција и Франција, Калин рече дека двете земји водат постојан дијалог за сите регионални и глобални предизвици.
„Во Франција живеат и околу 700.000 Турци кои сочинуваат еден вид мост помеѓу двете држави“, заклучи Калин.