Ahmet Gençtürk
19 Август 2021•Ажурирај: 19 Август 2021
АНКАРА (АА) - Министрите за одбрана на Турција и Германија денеска разговараа за најновите случувања во Авганистан, вклучително и евакуацијата на странците блокирани на аеродромот во Кабул, откако талибанците ја презедоа контролата врз земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, телефонски разговараше со германската колешка Анегрет Крамп-Каренбауер за актуелните случувања во Авганистан и тековната евакуација на странските државјани од земјата“, објави турското Министерство за одбрана преку Твитер.
Во понеделникот беа забележани хаотични сцени кога илјадници Авганистанци и странци се собраа на аеродромот во Кабул во брзање да избегаат од земјата.
Талибанците во неделата ја презедоа контролата врз Кабул, додека претседателот Ашраф Гани и други високи владини претставници ја напуштија земјата.