Турција

На Ердоган во Бишкек му беше врачен „Орденот на Манас“, највисокиот орден на Киргистан

На свеченоста во Претседателската палата, на турскиот претседател му беше врачен орденот од прв степен за неговиот придонес во развојот на стратешкото партнерство меѓу двете земји

Mehmet Tosun  | 05.11.2024 - Обновена : 05.11.2024
На Ердоган во Бишкек му беше врачен „Орденот на Манас“, највисокиот орден на Киргистан

БИШКЕК (АА) - Претседателот на Република Туркије, Реџеп Таип Ердоган, кој престојува во посета на Киргистан, е одликуван со „Орденот на Манас“ од прв степен, јавува Анадолу.

Ердоган престојува во Бишкек, главниот град на Киргистан, за 11. Самит на Советот на шефови на држави на Организацијата на туркиски земји (TDT).

На свеченоста во Претседателската палата, на Ердоган му беше врачен „Орденот на Манас“ од прв степен, од страна на киргистанскиот претседател Садир Жапаров, за неговиот придонес во развојот на стратешкото партнерство меѓу Република Киргистан и Република Туркије и зајакнувањето на пријателските односи меѓу народите на двете земји.

„Орденот на Манас“ е највисокиот орден на Киргистан. Орденот го доделува претседателот на Киргистан од 1996 година како признание за извонредниот придонес за Киргистан.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.