Seyit Ahmet Aytaç
12 Јуни 2016•Ажурирај: 13 Јуни 2016
АНКАРА (АА) - Артилериските сили на турската војска и коалицијата на воздушни сили започнаа жестоки напади врз позициите на терористичката организација ДАЕШ во северниот дел на Сирија, и притоа загинаа најмалку осум терористи, јавува Anadolu Agency (AA).
Неименуван воен извор за АА изјави дека вчера турските артилериски сили од границата, кон северниот дел на појасот Сирија, извршиле напад врз 11 позиции на ДАЕШ на кои се регистрирани терористички активности на подготвување ракетни напади на територијата на Турција.
Истите терористички позиции биле нападнати и од авионите на коалицијата за борба против ДАЕШ предводена од САД.
Според првичните информации од теренот, во нападите загинаа најмалку осум терористи, а се уништени две воени возила.
Артилериските удари на турската армија и нападите на коалицијата на воздушните сили ги искористи сириската опозиција, која потоа ја врати контролата врз двата региони кои дотогаш беа под контрола на ДАЕШ.