По повод 101-годишнината од Републиката: Турско знаме раширено во длабочините на езерото Ван
- Подводниот снимател и продуцент на документарни филмови Тахсин Џејлан и членовите на тимот на Командата на крајбрежната стража ДЕГАК, се нурнаа во езерото Ван по повод 101-годишнината од Република Туркије и го раширија турското знаме
ВАН (АА) - Подводниот снимател и продуцент на документарни филмови Тахсин Џејлан и членовите на тимот на Командата на крајбрежната стража за нуркање, безбедност, пребарување и спасување (ДЕГАК) се нурнаа во езерото Ван по повод 101-годишнината од Република Туркије и го раширија турското знаме, јавува Анадолу.
За време на нуркањето, камерата ги сними и остатоците од урнатините на замокот под вода во областа Адилџеваз, во Битлис.
Националниот празник Ден на Републиката во Туркије се слави на 29 октомври во знак на сеќавање на прогласувањето на Република Туркије во 1923 година. Републиката беше прогласена од Мустафа Кемал Ататурк, кој тогаш беше избран од Големото национално собрание за прв претседател на модерна Туркије.
Еден од најголемите национални празници се одбележува со низа настани низ земјата, вклучително и положување венци на Аниткабир, мавзолејот на Ататурк.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.