Mehmet Şah Yılmaz
17 Јуни 2022•Ажурирај: 18 Јуни 2022
АНКАРА (АА) - Портпаролот на Кабинетот на претседателот на Република Турција, Ибрахим Калин и заменик-министерот за надворешни работи, Седат Онал, в недела ќе отпатуваат во Брисел за да разговараат за барањето на Шведска и Финска за зачленување во НАТО, јавува Агенција Анадолија (АА).
Тоа денеска го потврди министерот за надворешни работи на Туркије, Мевлут Чавушоглу, во текот на посетата на Загреб, главниот град на Хрватска.
Чавушоглу потсети дека претставниците на НАТО во врска со оваа тема доаѓале во Анкара и дека приложиле документ кој е предвиден да се потпише во три примероци.
„Нашето мислење беше дека овие документи не се доволни, потоа го пративме нашиот предлог-документ со порака дека преговорите можат да се продолжат. Заменик-министерот за надворешни работи, амбасадорот Седат Онал и портпаролот на Кабинетот на претседателот на Република Турција, Ибрахим Калин, в недела ќе отпатуваат во Брисел каде што со НАТО ќе разговараат за тој документ, го потсетуваме и НАТО и сите страни за нашата одлучност за тоа прашање“, порача Чавушоглу.