Murat Kaya İstanbul,Yunus Ege
28 Април 2016•Ажурирај: 29 Април 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Новинари на весникот Џумхуријет, Џејда Каран и Хикмет Четинкаја кои во своите колумни ја објавија карикатурата со навреда насочена кон Пророкот Мухамед од магазинот Charlie Hebdo, под обвинение за „јавно поттикнување на луѓето на омраза и непријателство преку медиумите“, осудени се по две години затвор, јавува Anadolu Agency (AA).
Истанбулскиот кривичен суд 2, во своето петто рочиште ја донесе одлуката од двегодишна казна затвор за новинарите Каран и Четинкаја по поднесените 1.280 поднесени жалби, меѓу кои се наоѓаат и жалбите на синот и ќерката на претседателот на Турција, Билал и Сумеје Ердоган, и Есра Албајрак и нејзиниот сопруг, министер за Енергија и природни ресурси, Берат Албајрак.
Судот ги осуди обвинетите поради „јавно поттикнување на луѓето на омраза и непријателство преку медиумите“ по две години затвор. Обвинетите беа ослободени од обвиненијата за „јавна навреда на верските вредности усвоени од страна на дел од јавноста“.