Mümin Altaş
04 Јуни 2025•Ажурирај: 05 Јуни 2025
АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, оствари телефонски разговор со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, известува Анадолу.
Дирекцијата за комуникации на турското Претседателство објави дека за време на телефонскиот разговор биле разгледани билатералните односи меѓу Турција и Иран, како и регионалните и глобалните прашања.
Претседателот Ердоган изјави дека продолжуваат да работат на чекори што ќе ја зајакнат институционалната рамка на турско-иранските односи во наредниот период.
Ердоган, исто така, му го честиташе празникот Курбан бајрам на иранскиот претседател Пезешкијан.