Diyar Güldoğan
18 Август 2022•Ажурирај: 18 Август 2022
АНКАРА (АА) - Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, отпатува во Украина каде што ќе се состане со претседателот на таа држава, Владимир Зеленски и генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган ќе одржи билатерален состанок со Зеленски во палатата Поточки каде што ќе разговараат за сите аспекти на турско-украинските односи на ниво на стратешко партнерство.
По билатералниот состанок ќе биде одржан трилатерален состанок со Гутереш.
Ердоган, Зеленски и Гутереш ќе разговараат за чекорите кои можат да биде преземени за преку дипломатски пат да се стави крај на војната меѓу Русија и Украина, вклучително зголемување на активноста на механизмот воспоставен за извоз на украински житарици на светскиот пазар.
Се очекува по трилатералниот состанок да биде одржана заедничка конференција за медиуми.
Туркије, ОН, Русија и Украина на 22 јули потпишаа договор во Истанбул за повторно отворање на три украински пристаништа на Црното Море за да се извезуваат житариците кои беа задржани во украинските пристаништа среде Руско-украинската војна која почна на 24 февруари.
Заедничкиот координативен центар во Истанбул со работа официјално започна на 27 јули, а вклучува претставници на три земји и ОН за да се овозможи безбеден транспорт на комерцијални стоки и ѓубрива.
ОН соопшти дека Гутереш би требало да го посети и пристаништето Одеса.
Потоа, в сабота ќе се упати во Туркије и ќе го посети Центарот во Истанбул.