Ali Kemal Akan
02 Јуни 2026•Ажурирано: 02 Јуни 2026
Претседателот на Големото народно собрание на Турција, Нуман Куртулмуш, денес се сретна со финскиот претседател Александер Стуб за време на неговата официјална посета на Хелсинки, јавува Анадолу.
На средбата одржана во Претседателската резиденција на Финска, двајцата соговорници разменија мислења за билатералните односи, меѓупарламентарната соработка, како и за актуелните регионални и глобални случувања.
На состанокот присуствуваа членови на турската парламентарна делегација.
Амбасадорката на Турција во Хелсинки, Дениз Чакар, исто така присуствуваше на средбата.
„Му благодарам на финскиот претседател Александер Стуб за неговиот љубезен прием“, напиша Куртулмуш на турската социјална мрежа „NSosyal“.
„Се надевам дека нашата посета дополнително ќе ја зајакне соработката меѓу Турција и Финска и ќе даде поттик за развој на односите меѓу нашите парламенти“.
Куртулмуш ја започна официјалната посета вчера и се сретна со турските граѓани кои живеат во Финска, како и со претставници на Финско-исламската заедница.