Davut Demircan
16 Ноември 2019•Ажурирај: 17 Ноември 2019
КИРШЕХИР (АА) - Четворица блиски роднини на убиениот водач на ДЕАШ, Ебу Бекр ал Багдади, денеска се приведени во централна Анадолија, Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Канцеларијата на главниот јавен обвинител на областа Киршехир соопшти дека 25 блиски роднини на Ал Багдади се приведени во операциите во четири турски области.
„Четворица од роднините се задржани во притвор од страна на Кривичниот суд во Киршехир за членување во вооружена терористичка организација“, се вели во соопштението на Обвинителството.
Единаесетмина се приведени во Киршехир, петмина во Самсун, тројца во Орду и шестмина се приведени во турската област Шанлиурфа.
По сослушувањата во Дирекцијата за безбедност на Киршехир, 21 осомничен, меѓу кои и 2 деца, ќе бидат испратени во Центарот за репатријација.