Светските лидери во Анталија: Денеска почнува самитот Г20
Дводневниот Самит во туристичкиот град Анталија, ќе собере повеќе од 10. 000 учеснници, а случувањата ќе ги следат 2.469 акредитирани новинари.
?????
15 Ноември 2015•Ажурирај: 16 Ноември 2015
АнталијаАНТАЛИЈА (АА) – Во Анталија, во Турција денеска почнува Самитот на Лидери Г20, кој ќе ги собере најголемите функционери на 20 најразвиени земји на денешнината, како и лидери од други поканети земји и меѓународни организации, јавува Anadolu Agency (AA).
На дводневниот самит, кој ќе биде одржан во туристичкиот бисер на Анталија Белеку, ќе се соберат повеќе од 10. 000 учесници, а случувањата на самитот и на неговите маргини ќе ги следат 2.469 акредитирани новинари. Anadolu Agency е медиумски домаќин задолжен за дистрибуција на материјали од овој еминентен собир.
Покрај земјите членки на Г20, на Самитот во Анталија се поканети и лидерите на Азербејџан, Шпанија, Малезија, Сенегал, Сингапут, Зимбабв како и неколку важни меѓународни органицазии меѓу кои се и Обединетите нации.
Годинешниов Самит има три основни теми: ,,Вклученост, инвестиции и апликации” , а станува збор за теми кои ги заговара Република Турција како домаќин на Самитот и претседавач си групата Г20.
-Бројни состаноци на маргините на Самитот-
Во рамките на дијалогот за спомнатите теми, ќе се обиде да се изнајде начин за интензивирање на дијалогот и соработката на развиените земји Г20 со земјите во развој и помалку развиените земји, јакнење на взаемните инвестиции и имплементација на договореното.
Домаќинот на Самитот, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, денеска на работен ручек ќе ги угости сите учесници, од кои поголемиот дел веќе стаса во Анталија. Лидерите таа можност ќе ја искористат за разговор за прашанјата на развојот и климатските промени.
Ердоган, на маргините на Самитот ќе одржи и низа билатерални состаноци, а помеѓу останатите, ќе се состане со претседателите на САД и Русија, Барак Обама и Владимир Путин, како и со германската канцеларка Ангела Меркел.
На овогодинешниот состаноќ ќе биде одржан и собир на Жени Г20 (W20), група која неодамна е формирана на иницијатива на Турција, а со цел поконкретна борба за родова еднаквост.
Сопругата на турскиот претседател, Емине Ердоган ќе го отвори првиот собир на групата W20 под наслов “Панел за жените бегалки” . Сите жени на претсдателите и премиерите на земјите од Г20 вечерва ќе се соберат на работна вечера.
По свечениот прием кај турскиот премиер Ахмед Давутоглу, учесниците на Самитот ќе разговараат на работна вечера за глобалните прашања во врска со тероризмот и бегалците.
Другиот ден од Самитот, лидерите ќе го искористат за разговор за ,,јакнење на отпорноста” во контекст на економската и финансиската стабилност. Глобалните прашања со даночните давачки, борбата против корупцијата и реформите на ММФ, се некои од темите.
-Разговори за економската и финансиската стабилност-
За време на утрешниот работен ручек ќе биде разговарано и за прашањата околу трговијата и енергетиката, а планирано е и усвојување на акционен план со кој ќе конкретизират некои мерки.
-Разговори за економската и финансиска стабилност-
На крајот од Самиотот претседателот на Кина Џи Јинпинг ќе ги претстави плановите на Кина како нов претседавач на групата и ќе го најави наредниот самит во Пекинг.
Резултатите од Самитот во Анталија на јавноста ќе и ги представи турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на посебна конференција за медиумите.
Во Анталија се веќе пристигнати лидерите на повеќето земји учеснички на Самитот, меѓу кои се и американскиот претседател Барак Обама, рускиот претседател Владимир Путин, јапанскиот премиер Шинзо Абе, генералниот секретар на ООН, Бан Ки Мун. Самитот во Анталија се одржува два дена по терористичките напади во Париз, во кој загинаа,според досегашните информации 129 лица, а стотици се ранети.
Поради нападите во Франција е прогласена вонредна состојба и тридневна жалост,а претседателот Франсоа Оланд го откажа доаѓањето на Самитот Г20.