Arife Yıldız Ünal
14 Декември 2016•Ажурирај: 15 Декември 2016
АНКАРА (АА) – Евроазискиот тунел, кој ќе ги спојува Азија и Европа преку тунел на морското дно, ќе биде пуштен во употреба на 20. декември. Со отворањето на овој тунел патното растојание меѓу двата континенти во Истанбул ќе трае 15 минути, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите до кои дојде АА, после метро линијата Мармарај, тендерот за изградба на тунелот на два ката за возилата на тркала беше направен на 12 Јуни 2007 година од страна на Генералниот директорат за инвестиции во инфрасруктура при Министерството за транспорт поморство и комуникации. Тунелот Евроазија значително ќе го намали патното растојание меѓу Казличешме и Гозтепе, а е планирано да биде поврзан со двата постоји босфорски мостови.
Овој проект се состои од двокатен тунел, кој е изграден со посебна технологија на морското дно на дел од 5,4 км, а е поврзан со другите метро линии преку поврзувачки тунели. Завршени се и проширувањата и санирањата на пат од 9,2 километарска линија на европската и азиската страна. Блиските патишта помеѓу Сарајбурну – Казличешме и Харем – Ѓозтепе се проширени, а изградени се и раскрсници, подвозници и надвозници наменети за пешаците.
Тунелот Евроазија, кој е изграден на линијата Казличешме – Ѓозтепе значително ќе го намали времето на патување во овој град, кадешто сообраќајот е навистина интензивен. Моментално патното растојание меѓу Европскиот и Азискиот дел од градот е околу 100 минути, а овој проект ќе го намали на 15 минути. Освен што што ќе биде олеснат протокот на сообраќајот со поврзувањата на излезот и влезот од тунелот со проширувањето на патиштата на тие точки, овој тунел ќе придонесе и за намалување на загадувањето на околината, како и звукот. Исто така, ќе се намали трошокот за гориво, затоа што ќе се намали растојанието меѓу овие две точки во градот, а ќе се намалат и издувните честички и трошоците за сервис на возилата.
- Нема да имаат влијание земјотреси и цунами
Овој проект, кој е еден од водечките светски инженерски проекти, ќе има развиен систем за 24 часовен безбеден и постојан сообраќај. Тунелот е со најсовремен дизајн, технологија и инженерски апликации, и е изграден со структура која не подлежи на влијанија од цунами и земјотреси.
Тунелот има екстра безбедносни карактеристики и ќе може да се користи како скривница, доколку е тоа потребно. Тунелот е обезбеден со модерна осветлувачка технологија, систем на вентилација со висок капацитет, посебна опрема за противпожарна заштита, огноотпорна површинска обвивка, систем за итна евакуација и на секои 600 метри се наоѓаат безбедносни ленти.
Исто така во тунелот ќе има 24 часовно безбедносно набљудување со камери, систем за откривање на инциденти, како и систем за комуникации и аларм. Брзината ќе се контролира со висока технолошка инфраструктура.
Тунелот ќе биде безбеден за патување без прекин дури и за време на магла, мраз или други неповолни временски услови.
Максималната брзина со која ќе се вози во тунелот е предвидено да биде 70 км на час, а цената за автомобил ќе чини 4 долари + ддв, а за минибуси 6 долари + ддв. Во тунелот ќе се плаќа влез и излез, а патниците ќе можат тоа да го прават автоматски преку ХГС (брз систем за поминување) и ОГС (автоматски систем за поминување). Нема да има кабина за плаќање во кеш, а исто така, за патниците во возилата нема да се наплаќа.
Генералниот директорат за инвестиции во инфрасруктура при министерството за транспорт, поморство и комуникации ја назначи фирмата АТАШ за изградба и менаџирање со тунелот од 24 години и 5 месеци. По завршетокот на овој период, тунелот ќе биде предаден на јавноста.