Sertaç Bulur
03 Август 2021•Ажурирај: 04 Август 2021
АНКАРА
Министерството за внатрешни работи на Турција соопшти дека уште двајца терористи со методот на убедување им се предале на турските безбедносни сили, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството, како резултат на напорите за убедување од страна на Генералниот директорат за безбедност и Генералната команда на жандармеријата, двајца припадници на терористичката организација ПКК им се предале на турските безбедносни сили.
Во соопштението се наведува дека еден од членовите на организацијата, што им се предал на безбедносните сили, во терористичката организација се приклучил во 1997 година и бил активен во Ирак и Сирија.
Другиот член на терористичката организација бил активен во Европа.
Во соопштението, исто така, се наведува дека бројот на членови на организацијата што се предале со методот на убедување се зголемил на 120 во 2021 година.