Barış Gündoğan
25 Јули 2016•Ажурирај: 26 Јули 2016
АНКАРА (AA) - На денешниот состанок во Претседателската палата во Анкара усогласен е ставот во врска со краткорочните,среднорочните и долгорочните чекори кои ќе бидат преземени во борбата против терористичките организации ФЕТО и ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
Кемал Киличдароглу, лидерот на главната опозициска Републиканска народна партија (ЏХП) по состанокот на политичките партии со претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган рече дека во демократијата е важно да се водат разговори и да се приближуваат ставови.
„Приближувањето на ставовите во демократијата е многу важно", рече Киличдароглу.
Претседателот на Република Турција во текот на состанокот во палатата му упатил честитки на лидерот на главната опозициска Републиканска народна партија (ЏХП) поради вчерашниот митинг на централниот истанбулски Плоштад Таксим.
Состанокот во Претседателската палата во Анкара се одвиваше во многу срдечна и пријатна атмосфера. Лидерите во текот на состанокот ги поделиле искуствата кои ги преживеале во текот на обидот за државен удар.
Од друга страна, портпаролот на турскиот претседател, Ибрахим Калин, изјави дека по денешниот состанок со претседателот Реџеп Таип Ердоган со лидерот на владејачката АК партија и лидерите на опозициските ЏХП и МХП, дека претседателот се заблагодарил на народот и безбедносните сили на нивните храбри чекори, на тоа што настрана ги оставиле сите разлики во политичките погледи, кажувајќи дека тоа јунаштво никогаш нема да биде заборавено.
Исто така, претседателот на Турција најави продолжување на решителна борба против терористичката организација ФЕТО чии лидер е Фетулах Ѓулен, како и против ПКК и другите закани за безбедноста на државата.
Претседателот на Турција изрази благодарност на лидерите на партиите поради јасниот и отворениот став кој го зазеле кон демократијата, слободата и владеењето на правото, како и против обидот за државен удар на 15 јули.Нагласи дека ваквиот дух на заедништво и единство е најважниот извор на силата за да се надминат сите проблеми", рече Калин, портпаролот на турскиот претседател во врска со состанокот во Претседателската палата.