Hikmet Faruk Başer,Muhammed Gencebay Gür,Tansel Parlak,Ferhat Yasak,Filiz Kınık Öz
01 Јануари 2023•Ажурирај: 02 Јануари 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Бројни жители на Истанбул и туристи ја дочекаа 2023 година на познатиот плоштад Таксим, улицата Истиклал и во други делови од турската метропола, известува Агенција Анадолија (АА).
Насобраните заедно ги одбројуваа последните секунди од 2022 година и со величенствен огномет влегоа во Новата година.

Дочекот на 2023 година е организиран и во бројни истанбулски хотели и ресторани, додека голем број граѓани одличија во Новата година да влезат во топлината на својот дом.
Јавниот дочек на Новата година е организиран и во други градови низ Туркије.
