Enes Kaplan
02 Јануари 2020•Ажурирај: 03 Јануари 2020
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган имаше телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението од Одделот за комуникации при турското Претседателство, на разговорот Ердоган-Трамп покрај билатералните прашања, станало збор за регионалните случувања, како и за ситуацијата во Либија и Сирија.
Турскиот претседател Ердоган во телефонскиот разговор истакнал дека со загриженост ги следел активностите насочени против американските безбедносни единици во Ирак, наведувајќи го задоволството од тоа што акциите се завршени.
Ердоган и Трамп во телефонскиот разговорот ја нагласиле важноста на дипломатијата во решавањето на регионалните прашања. Во билатералните односи се согласиле за зајакнување на соработката.