Meltem Bulur
15 Февруари 2018•Ажурирај: 15 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Соединетите Американски Држави (САД), Рекс Тилерсон, пристигна во работна посета на Анкара, каде што ќе одржи низа состаноци, јавува Anadolu Agency (AA).
Тилерсон, придружуван од делегацијата, од Либан пристигна во Анкара. По повод неговото пристигнување, на аеродромот Есенбога беа преземени високи безбедносни мерки.
Тилерсон вечерва во Претседателската палата во Анкара ќе се сретне со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган.
За утре е закажан состанок со турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, а по состанокот ќе се одржи заедничка прес-конференција.
Oсвен билатералните односи меѓу Турција и САД, се очекува дека една од главните теми за време на средбите на Тилерсон во Турција ќе биде поддршката на САД на терористичките организации во Сирија.