Турција

Туркије започна истрага за убиството на турско-американската активистка Ејги од страна на израелските војници

Министерот Тунч рече дека Туркије не може да молчи за убиството на својата државјанка во „незаконскиот терористички напад од израелските напаѓачи“

Muhammed Yasin Güngör  | 12.09.2024 - Обновена : 12.09.2024
Туркије започна истрага за убиството на турско-американската активистка Ејги од страна на израелските војници

ИСТАНБУЛ (АА) - Туркије започна истрага за убиството на турско-американската активистка Ајшенур Езги Ејги од страна на израелските војници, соопшти денес турскиот министер за правда Јилмаз Тунч, јавува Анадолу.

Тунч рече дека Туркије не може да молчи за убиството на својата државјанка во „незаконскиот терористички напад од израелските напаѓачи“, додавајќи дека главниот јавен обвинител на Анкара повел истрага во согласност со домашното право.

Тој ја нагласи посветеноста на Туркије кон спроведувањето на правдата на меѓународно ниво, посочувајќи: „Ќе работиме за специјалниот известувач на ОН за вонсудските, надвор од правните рамки, арбитрарните егзекуции, со цел итна акција, формирање независна истражна комисија и подготовка на извештај.“

Министерот ги истакна плановите за инкорпорирање на извештајот во тековните правни дејства против Израел, вклучително и случајот за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата и истрагите во Меѓународниот кривичен суд.

„Ќе продолжиме да ги браниме правата на Ајшенур“, порача турскиот министер Тунч и вети дека ќе се залага за правата на Палестинците и дека ќе продолжи со напорите да се запре „крвопролевањето“ во регионот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.