Ahmet Gençtürk
06 Јануари 2021•Ажурирај: 07 Јануари 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Вкупно 3.880 грама кокаин запленија денес турските цариници на Аеродромот Истанбул, јавува Агенција Анадолија (АА).
По сомненијата на персоналот, со специјален скрининг-уред се откриени пакетчиња и капсули со дрогата во стомаците на тројца патници кои пристигнале од Колумбија, изјавија извори за АА.
Откриено е дека осомничените проголтале 190 капсули и 24 пластични пакувања кокаин со цел да ги прошверцуваат во Турција.
Тројцата осомничени, чиј идентитет не беше откриен, се приведени за обид за трговија со дрога.