Elif Küçük,Lale Bildirici Büyükkarakaya
04 Декември 2023•Ажурирај: 05 Декември 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Турската Црвена полумесечина прати помош во вредност од 100 милиони турски лири (над 3,4 милиони долари) за Појасот Газа, изјави претседателката на хуманитарната организација, јавува Анадолу.
Фатма Мерич Јилмаз, на настан во Истанбул, истакна дека Црвената полумесечина собрала околу 500 милиони лири (17,3 милиони долари) финансиски донации и дека околу 100 милиони лири од нив веќе се пратени како итна помош.
Дополнително, организацијата прати помош во продукти што од Туркије е пренесена со 11 авиони и два брода.
Јилмаз истакна дека со помошта во храна од Туркије целосно менаџира турската Црвена полумесечина. Помошта што ја праќа вклучува и хигиенски пакети и облека, додаде таа.
Нагласувајќи ги предизвиците со кои се соочуваат волонтерите што работат во Газа, таа ги истакна ограничувањата за влез и излез од опколената енклава поради интензитетот на конфликтот.
И покрај овие предизвици, локалните волонтери од палестинската Црвена полумесечина продолжуваат со својата хуманитарна работа во Газа, нагласи Јилмаз.
Израелската армија го продолжи бомбардирањето на Појасот Газа рано во петокот откако прогласи завршување на еднонеделната хуманитарна пауза со палестинската група на отпорот Хамас.
Над 15.500 Палестинци, главно деца и жени, се убиени во израелските напади од 7 октомври по прекуграничниот напад на Хамас.
Официјалниот број на загинати во Израел изнесува 1.200.