Ahmet Sait Akçay
28 Мај 2017•Ажурирај: 29 Мај 2017
МЕРСИН (АА) - Турската Црвена Полумесечина , „Kizilay“, планира да испрати хуманитарна помош во храна за милиони лица ширум светот за време на месецот на постот Рамазан, соопшти организацијата денес, јавува Anadolu Agency (AA).
Говорејќи за АА во јужната покраина Мерсин, Керем Киник, претседателот на турската хуманитарна Црвена Полумесечина, изјави дека приоритет се земјите на Источна Африка и Јемен.
„На речиси девет милиони лица во Источна Африка и во Јемен им е потребна хуманитарна помош поради сушата и гладот”, вели Киник.
„Планираме да организираме настани за Рамазан во 19 земји вклучувајќи ги Кенија, Етиопија, Јужен Судан, Пакистан и Бангладеш како и во други земји во Азија, Европа и Африка”, додаде тој.
Турската Црвена Полумесечина е најголемата хуманитарна организација во Турција.