Buğrahan Ayhan
29 Јануари 2024•Ажурирај: 30 Јануари 2024
АНКАРА (АА) - Министерот за национална одбрана на Туркије, Јашар Ѓулер, се состана со министерот за одбрана на Косово, Ејуп Маќедонци, јавува Анадолу.
Маќедонци беше официјално пречекан од страна на Ѓулер во турскиот главен град Анкара.
На церемонијата за пречек беа интонирани химните на Туркије и Косово.
Во рамките на церемонијата косовскиот министер ја поздрави гардата.
Потоа двајцата министри преминаа на средба во зградата на Министерството за национална одбрана.