Diyar Güldoğan
28 Март 2016•Ажурирај: 29 Март 2016
АМАН (АА) - Премиерот на Турција, Ахмет Давутоглу го осуди самоубиствениот бомбашки напад кој се случи вчера во пакистанскиот град Лахоре каде, според последните податоци, загинаа 70 лица а ранети се 340, пренесува Anadolu Agency (AA).
Турскиот премиер упати порака со сочуство до пакистанскиот колега Наваз Шариф и на главниот министер на регионот Пенџаб во кој се наоѓа градот Лахоре, Шахбаз Шариф.
„Нашата земја решително ќе ја продолжи солидарноста со братскиот Пакистан во борбата против тероризмот”, рече Давутоглу изразувајќи му сочувство на пакистанскиот народ со желба за брзо опоравување на повредените.
Засега непознато лице вчера активираше, според полицијата, елек-бомба во паркот Гулшан-е-Икбал, кој во моментот на експлозијата бил преполн со посетители.
Одговорноста за овој напад, неколку часа подоцна, го презеде Џемаатул Ахрар, група поврзана со пакистанските талибанци.