Турција

Турскиот претседател ги осуди израелските напади врз Либан и повика на глобална акција

„Израелската политика на геноцид, окупација и инвазија, која трае од 7 октомври, сега е насочена кон Либан и либанскиот народ“

Gizem Nisa Çebi  | 28.09.2024 - Обновена : 28.09.2024
Турскиот претседател ги осуди израелските напади врз Либан и повика на глобална акција

ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес ги осуди последните воени акции на Израел во Либан, јавува Анадолу.

„Израелската политика на геноцид, окупација и инвазија, која трае од 7 октомври, сега е насочена кон Либан и либанскиот народ“, истакна Ердоган на платформата X.

Тој изрази длабока загриженост поради загубата на либански животи, меѓу кои и на деца, во, како што рече, „бруталните напади“.

Ердоган ја критикуваше меѓународната заедница за овозможување на дејствата на Израел, нагласувајќи дека додека Тел Авив продолжува да добива „оружје и муниција од неговите поддржувачи“, тој станува „сè понепромислен, пркосејќи на целото човештво, на хуманитарните вредности и меѓународното право“.

Тој нагласи дека не смее да се дозволи израелската „политика на лудило“, веќе видена во Газа и Рамала, да се прошири во Либан и во другите држави во регионот.

„Ниту еден човек кој има совест не може да прифати, оправда или смета дека таков масакр е легитимен“, истакна Ердоган.

Турскиот претседател ги повика глобалните организации, особено Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) и групите за човекови права, да преземат брза акција како одговор на агресијата на Израел.

Тој, исто така, го повика исламскиот свет да заземе „поцврст став“ против овие напади.

Потврдувајќи ја поддршката на Туркије, Ердоган рече дека земјата „ќе продолжи да стои покрај либанскиот народ и влада во овие тешки времиња“.

Тој им изрази сочувство на погодените, осудувајќи ги „нечовечните напади“ на Израел и посакувајќи брзо закрепнување на повредените.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın