Mümin Altaş
30 Јуни 2023•Ажурирај: 02 Јули 2023
АНКАРА (АА) – Видео од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган како рекреативно игра кошарка привлече големо внимание во Туркије и пошироко, јавува Анадолу.
Ердоган во јавноста е познат како страствен љубител на фудбалот, а во младоста бил и фудбалер, но често со колегите и пријателите рекреативно игра кошарка во салата во комплексот на Претседателската палата во Анкара.
Снимка од една таква рекреација на социјалните мрежи објави пратеникот од редот на турската владејачка Партија на правдата и развојот (АК Партија) Мустафа Варанк.
„Точно е дека понекогаш ја занемарувам играта и снимам видео“, напиша Варанк покрај објавената снимка.