Турскиот претседател ја нагласи потребата од развивање прецизни, трајни и долгорочни политики за миграцијата
Ердоган рече дека како и секоја држава која се соочува со притисокот на нерегуларната миграција, Туркије ќе ја продолжи својата борба против илегалните миграциски текови без компромис
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес ја нагласи потребата да се пристапи кон миграцијата од сеопфатна перспектива и соодветно да се развијат прецизни, трајни и долгорочни политики, јавува Анадолу.
Говорејќи на МУСИАД ЕКСПО 2024 (MUSIAD EXPO 2024) и Меѓународниот бизнис форум во саемскиот и конгресен центар ТУЈАП во Истанбул, Ердоган рече дека како и секоја држава која се соочува со притисокот на нерегуларната миграција, Туркије ќе ја продолжи својата борба против илегалните миграциски текови без компромис.
„Прашањето на миграцијата е едно од најчувствителните теми на нашето време, не само за земјите како нашата на транзитните рути, туку и за целиот свет“, додаде тој.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.