Tuba Şahin
06 Декември 2019•Ажурирај: 10 Декември 2019
АНКАРА (АА) - Речиси 196 милиони патници патувале преку аеродромите во Турција во првите 11 месеци од годината, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Бројката во период од јануари до ноември е намалена малку, бидејќи изнесувала околу 197 милиони патници во истиот период минатата година, на домашните и на меѓународните летови“, се вели во соопштението на Генералниот директорат на државните аеродромски власти (DHMI).
Бројот на патници на меѓународните летови се зголеми за 11,4 отсто за период од една година, на 102,5 милиони од јануари до ноември, додека бројката на патници на домашните летови се намали за 11,5 отсто, на 92,8 милиони.
На турските аеродроми поминале 1,9 милиони авиони вклучувајќи прелетување, што претставува зголемување од истиот период минатата година.
Во извештајот се вели дека карго сообраќајот достигна 3,2 милиони тони во првите 11 месеци од оваа година.
Новиот аеродром „Истанбул“ - чија прва фаза официјално беше отворена минатиот октомври и го презеде воздушниот сообраќај од аеродромот „Ататурк“ на 6 април - пречека 47,3 милиони патници на меѓународните и домашните летови и опслужи над 295.000 авиони.