İsa Toprak
13 Септември 2023•Ажурирај: 14 Септември 2023
АНКАРА (АА) - Туркије неутрализираше 258 терористи во 43.490 антитерористички операции во последните три месеци, изјави денес турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја, јавува Анадолу.
„Во последните 90 дена се спречени околу 44 терористички напади, од кои 37 бомбашки“, рече Јерликаја.
Тој наведе дека во 1.285 операции спроведени во последните три месеци биле приведени 75.442 нерегуларни мигранти, а од кои, повеќе од 32.500 се депортирани.
„Во тек е процесот на депортирање на преостанатите нерегуларни мигранти“, рече Јерликаја.
Тој истакна дека во последните 90 дена биле приведени 2.159 лица осомничени за шверцување мигранти.
„Благодарение на интензивните и сеопфатни контроли на нерегуларните мигранти на терен, речиси 89.400 странци што живеат само во Истанбул, на кои им е истечена визата, ослободувањето од визата или периодот на престој, ја напуштиле земјата во изминатите три месеци“, рече Јерликаја.
Благодарение на успешните напори на граничните трупи повеќе од 59.000 луѓе беа спречени да ја преминат границата во изминатите 90 дена.