Kemal Karadağ
05 Мај 2016•Ажурирај: 06 Мај 2016
АНКАРА (АА) - Во рамките на борбата против терористичката организација ДАЕШ, турските вооружени сили извршија напади на 2.144 терористички позиции во Сирија, а до сега во нападите на турската војска во Сирија се убиени 807 и во Ирак 365 терористи, јавува Anadolu Agency (AA)
Меѓународната коалиција за борба против терористите на ДАЕШ во Сирија ја подржуваат вкупно 64 земји, а меѓу нив е и Турија која со коалициските сили дозволи користење на воените бази во Инџирлик и Дијабакир, и користење на незјзиниот воздушен простор.
Од август минатата година Турција активно се вклучи во воздушните напади на коалицијата на позициите на ДАЕШ во Сирија. Во исто време, Турција е активна во програмата „Обучи и опреми" која се реализира со цел поддршка на умерената сириска опозиција.
Коалициските воздушни сили досега извршија 3.791 напад на позициите на ДАЕШ во Сирија и 8.415 напади на терористичките позиции во Ирак. Турција досега изведе 19 воздушни операции против ДАЕШ во Сирија.
Неименуван воен извор за АА соопшти дека во изминатите неколку дена од позициите на ДАЕШ од Сирија на територијата на турскиот град Килис, извршени се неколку артирелиски напади во кои загинаа најмалку 20 цивили, меѓу кои и осум бегалци од Сирија, a ранети беа 66 лица, од кои 17 беасириски бегалци.
По споменатите напади, турските вооружени сили го зголемија военото присуство и испратија дополнителни артилериски сили во пограничниот појас на градот Килис.
Во склад со ангажманот на пограничните сили, Турција на провокациите во Килис одговори со артирелиски напади на вкупно 2.144 терористички позиции во Сирија. Притоа убиени се најмалку 807, а ранети се 153 терористи на ДАЕШ.
Терористичките позиции се откриени и лоцирани со извидувачки летови на турските извидувачки авиони и беспилотни летала.
Турските погранични сили на турско-сириската граница оваа година уапсија 388 припадници на ДАЕШ и 82 припадници на терористичката организација ПЈД/ПКК.
Паралелно со тоа, турските вооружени сили со програмата „Обучи и опреми" им помaгаат и на силите на курдската самоуправа во северен Ирак.
Турските артилериски сили гаѓаа и многубројни позиции на терористите на ДАЕШ во северен Ирак и притоа убиени се најмалку 365 терористи.
Неименувани воени извори јавуваат дека во досегашната војна во Сирија загинале 470.000 лица, и дека 6,5 милиони жители од Сирија побегнале во побезбедни региони. Сирија ја напуштиле 5 милиони луѓе. Само во Турција згрижени се 2.600.561 сириски бегалци.