Faruk Zorlu
25 Февруари 2022•Ажурирај: 26 Февруари 2022
АНКАРА (АА) ‒ Турските сили неутрализираа 12 терористи на ЈПГ/ПКК во северна Сирија и Ирак, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Десет терористи беа лоцирани за време на обидите за напад во зоната на операцијата „Извор на мирот“ и операцијата „Маслинова гранка“ во северна Сирија“, соопшти турското Министерство за национална одбрана на Твитер.
„Уште двајца терористи беа неутрализирани во зоната на операцијата „Канџа-гром“ во северен Ирак“, се додава во објавата.
Од 2016 година Анкара започна три успешни антитерористички операции преку својата граница, во северна Сирија, за да спречи формирање терористички коридор и да овозможи мирно враќање на жителите ‒ тоа се „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019).
Операциите „Канџа“ се серија антитерористички операции што Турција ги спроведува од 2019 година против терористичките организации во северен Ирак, особено ПКК.
Операциите „Канџа-тигар“ и „Канџа-орел“ започнаа во јуни 2020 година, во регионите Синџар, Кандил, Хафтанин и Зап, додека „Канџа-гром“ и „Канџа-молња“ започнаа минатиот април во ирачките региони Метина и Авашин Басјан.
Во терористичката кампања против Турција, што трае повеќе од 35 години, терористичката организација ПКК, која е на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија, одговорна е за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои има деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.