Cankut Taşdan
09 Мај 2022•Ажурирај: 10 Мај 2022
АНКАРА (АА) - Турската армија неутрализира 12 терористи на ЈПГ/ПКК во северна Сирија, соопшти денес турското Министерство за национална одбрана, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Нашите херојски Турски вооружени сили продолжуваат да ги уништуваат гнездата на терористите во северна Сирија“, се вели во соопштението на Министерството.
Терористите се неутрализирани откако отвориле вознемирувачки оган врз подрачјето исчистено од терористи во операциите предводени од Турската армија.
Од 2016 година, Турција започна неколку успешни антитерористички операции преку границата со Сирија со цел да се спречи формирање терористички коридор и да осигура безбедна средина за враќање на раселените. Станува збор за операциите „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019 година).
Во текот на над 30 години, ПКК, која е прогласена за терористичка организација во Турција, САД и Европската Унија, е одговорна за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и жени, деца и стари лица. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.