Ömer Olcay
01 Јануари 2021•Ажурирај: 02 Јануари 2021
АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили неутрализираа 3 терористи на ПКК/ЈПГ во подрачјето на операцијата „Извор на мирот“, во северниот дел на Сирија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на турското Министерство за национална одбрана објавено на социјалните мрежи се истакнува:
„Во успешна интервенција турските херои командоси неутрализираа 3 терористи на ПКК/ЈПГ при обид да навлезат во подрачјето на ‘Извор на мирот’, за да ја нарушат атмосферата на мирот и безбедноста во регионот“, се вели во соопштението на Министерството.
Од 2016 година Турција спроведе четири успешни прекугранични антитерористички операции во северна Сирија за да спречи формирање терористички коридор: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018), „Извор на мирот“ (2019) и „Пролетен штит“ (2020).
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.