Muhammed Nuri Erdoğan
23 Април 2021•Ажурирај: 24 Април 2021
АНКАРА (АА) - Турските сили неутрализираа четворица терористи на терористичката организација ПКК/ЈПГ во подрачјето во северна Сирија во коешто беше реализирана операцијата „Извор на мирот“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение објавено на социјалните мрежи ја потврди Министерството за национална одбрана на Турција.
„Нашите херојски командоси извршија уште една успешна операција во зоната во која беше реализирана операцијата „Извор на мирот““, се вели во соопштението.
„Неутрализирани се четворица терористи на ПКК/ЈПГ кои отворија провоцирачки оган, со цел нарушување на спокојството и мирната средина“, се додава од Министерството.
Од 2016 година Турција спроведе четири успешни прекугранични антитерористички операции во северна Сирија за да спречи формирање терористички коридор: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018), „Извор на мирот“ (2019) и „Пролетен штит“ (2020).
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои има и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.