Gözde Bayar
04 Април 2022•Ажурирај: 07 Април 2022
АНКАРА (АА) – Турските сили неутрализираа четворица терористи на терористичката организација ЈПГ/ПКК во северниот дел на Сирија, соопшти Министерството за национална одбрана на Турција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Турските единици за огнена поддршка ги гаѓаа терористите откако тие отворија вознемирувачки оган врз зоната каде беше реализирана операцијата „Извор на мирот“, објави Министерството на Твитер.
Турските сили во текот на изминатите четири години изведоа неколку успешни антитерористички операции во северна Сирија, по должината на сириско-турската граница: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019).
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.