Esin Işık
09 Јули 2021•Ажурирај: 09 Јули 2021
АНКАРА
Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека се неутрализирани пет терористи на ПКК/ЈПГ во северна Сирија во регионите на „Извор на мирот“ и „Штитот на Еуфрат“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството за национална одбрана објавено на социјалните мрежи се истакнува дека командосите неутрализирале вкупно пет терористи на ПКК/ЈПГ кои се подготвувале за напад.
Се забележува дека од петтемина терористи на ПКК/ЈПГ, четворица се неутрализирани во регионот на „Извор на мирот“, а еден терорист во регионот на „Штитот на Еуфрат“.
ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата на терористички организации во Турција, ЕУ и САД. Во текот на повеќедецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.
Од 2016 година Турција спроведе четири успешни прекугранични антитерористички операции во северна Сирија за да спречи формирање терористички коридор: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018), „Извор на мирот“ (2019) и „Пролетен штит“ (2020).