Mehmet Tosun
23 Март 2022•Ажурирај: 24 Март 2022
АНКАРА (АА) - Турските сили неутрализираа двајца терористи на ЈПГ/ПКК во северна Сирија, во близина на границата со Турција, соопшти денес Министерството за национална одбрана, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Терористите се обидоа да ја нападнат зоната на операцијата „Извор на мирот“ во северна Сирија, каде што Турција спроведе успешна антитерористичка операција“, соопшти Министерството преку Твитер.
Од 2016 година Анкара реализира три успешни прекугранични антитерористички операции во Сирија за да превенира формирање терористички коридор и да овозможи создавање мирна средина за жителите. Тоа се операциите „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019).
Во терористичката кампања против Турција што трае повеќе од 35 години, терористичката организација ПКК, која е на листата на терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија, одговорна е за смртта на најмалку 40.000 луѓе, жени, деца и доенчиња. ЈПК е сириски огранок на ПКК.