Zafer Fatih Beyaz
22 Јули 2023•Ажурирај: 24 Јули 2023
Турските сили неутрализираа петмина терористи на ПКК во зоната Метина, која се наоѓа во северниот дел на Ирак, пренесува Анадолу.
Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за национална одбрана на Туркије.
Се истакнува дека петтемина терористи на ПКК, кои биле откриени во Метина, која се наоѓа во зоната каде што беше реализирана операцијата „Канџа-Катанец“, биле неутрализирани преку воздушни операции.
„Турските вооружени сили со решителност ќе ги продолжат операциите сѐ до неутрализирање на последниот терорист“, се додава во соопштението.