Mehmet Tosun
22 Декември 2022•Ажурирај: 23 Декември 2022
АНКАРА (АА) - Тројца терористи на ПКК/ЈПГ се неутрализирани во зоната на операциите „Штитот на Еуфрат“ и „Маслинова гранка“ во северна Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението што го објави Министерството за национална одбрана на Туркије, се наведува дека турските командоси спровеле успешна операција во зоната на операциите „Штитот на Еуфрат“ и „Маслинова гранка“, неутрализирајќи тројца терористи на ПКК/ЈПГ кои се обиделе да изведат напад, со цел да го нарушат мирот и безбедноста на подрачјето.
Од 2016 година, Анкара започна три успешни антитерористички операции преку својата граница во северна Сирија со цел да спречи формирање терористички коридор и да овозможи мирно враќање на жителите: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019).
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ, одговорна е за смртта на над 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца. ЈПГ е сириски огранок на терористичката ПКК.