Aybüke İnal Kamacı
20 Март 2021•Ажурирај: 20 Март 2021
АНКАРА (АА) - Турските сили спречија терористички напади неутрализирајќи повеќе од десетина терористи на ЈПГ/ПКК во северна Сирија, соопшти турското Министерство за национална одбрана, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството, 12 терористи се неутрализирани додека подготвувале напад во подрачјето на турската операција „Извор на мирот“, а двајца терористи биле неутрализирани додека се обидувале да се инфилтрираат во подрачјето на операцијата „Штитот на Еуфрат“.
Од 2016 година Турција спроведе четири успешни прекугранични антитерористички операции во северна Сирија за да спречи формирање терористички коридор: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018), „Извор на мирот“ (2019) и „Пролетен штит“ (2020).
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.